Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рама: Во Тирана наскоро ќе се одржи Самит за поддршка на Украина, ќе присуствува и Зеленски

Албанскиот премиер Еди Рама, по состанокот на лидерите на Западен Балкан посветен на Планот за раст усвоен од Европската Унија, што се одржа денеска претпладне во Скопје, разговараше со новинарите од медиумите од Албанија, при што говореше за заеднички регионални проекти, јави Ора њуз.

Тој меѓу другото најави дека наскоро во Тирана ќе се одржи самит за Украина на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Подготвуваме самит во Тирана за Украина и Зеленски ќе биде присутен. Ќе се обидеме во таа временска рамка да имаме уште една средба на лидерите од регионот со денешните претставници на ЕУ и кои ќе не следат да направиме биланс на овој месец, да продолжиме со забрзаното темпо што го диктираат новите процеси што се случуваат во ЕУ, затоа што има нови избори. Да продолжиме да работи со забрзано темпо. Ајде да го затвориме овој пакет за да си ја завршиме работата. Тоа е самит за поддршка на Украина и за разговор со украинскиот претседател, додал Рама.

Деновиве во телефонски разговор, Зеленски му се заблагодарил на Рама за поддршката против руската агресија врз Украина, за поддршката и во Советот за безбедност на ОН, за политичката и одбрамбената поддршка од страна на Албанија и побарал проширување на програмите за обука на украинските војници со учество на Албанија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен