Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИДФ: Завршено опколувањето на градот Кан Јунис

 Израелските безбедносни сили (ИДФ) соопштија дека во изминатите 24 часа во борбите во Појасот Газа елиминирале „десетина терористи“, како и дека е завршено опколувањето на градот Кан Јунис.

– Израелската армија спроведе обемна акција при што е опколен Кан Јунис и е проширена операцијата во таа област, се наведува во соопштението од ИДФ.

Израелските тенкови вчера стигнаа до западните области на Кан Јунис, во близина на брегот на Средоземно Море, како дел од офанзивата што израелските одбранбени сили ја проширија минатата недела кон јужниот град во Појасот Газа, за кој тврдат дека е седиште на милитантите на Хамас.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново