Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети денеска дополнителни 45 милиони долари за помош во борбата за стабилност и против конфликтите во западноафриканските земји, во кои нестабилноста е зголемена во последните години поради бунтовите на џихадистите.
Блинкен денеска престојува во Абиџан на втората станица од неговата турнеја низ четири африкански земји – Зеленортските Острови, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и Ангола.
Целта на неговата турнеја од 21 до 26 јануари е да разговара со африканските лидери за американско-африканското партнерство во областа на трговијата, климата, инфраструктурата, здравството, безбедноста.
Оваа турнеја е продолжение на самитот во Вашингтон одржан со африканските лидери во декември 2022 година. Безбедносните предизвици во Западна Африка, последиците од минатогодишниот државен удар во Нигер и зголеменото влијание на Русија во