Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бетел: Ќе биде тешко да се добие поддршка од Унгарија за поголема помош за Украина

 Ќе биде тешко да се добие поддршка од Унгарија за поголема финансиска помош за Украина на самитот на ЕУ следната недела, изјави денеска министерот за надворешни работи на Луксембург Ксавиер Бетел, изразувајќи надеж дека сепак ќе биде постигнат договор.

Бетел изјави дека на Украина и е потребна и воена и финансиска помош за да се одбрани од руската инвазија.

На последниот самит на ЕУ во декември, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти салата за да можат другите 26 лидери на ЕУ да гласаат за почеток на преговори за членство со Украина, на што унгарската влада силно се спротивстави.

Зачлени се на нашиот е-билтен