Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руте: Холандија ги поддржува амбициите на земјите од Југоисточна Европа за членство во ЕУ

 Премиерот на Холандија Марк Руте денеска изјави дека ги поддржува амбициите на земјите од Југоисточна Европа за членство во Европската унија.

На заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб, тој рече дека ставот што преовладува во холандскиот парламент, дека ЕУ може да има нови членки, нема да се промени во новиот состав. Тој додаде дека тоа не зависи од исходот на изборите.

Холандскиот премиер изјави дека безбедноста на Западен Балкан е „суштинска за заедничката европска иднина“.

Зачлени се на нашиот е-билтен