– Најмалку 39 лица загинаа во пожарот што денеска избувна во југоисточната кинеска провинција Џиангси, јави кинеската државна новинска агенција.
Спасувачката операција е завршена.
Властите во областа Јушуи, провинцијата Џиангси соопштија дека по 15 часот избувнал пожар во магацин на комерцијален објект. На местото на настанот беа испратени 120 спасувачи, меѓу кои и пожарникари и полицајци.
Причината за пожарот се уште не е утврдена.