Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кипар спаси 60 сириски мигранти изгубени на море шест дена

 Кипарската полиција спаси 60 сириски мигранти пронајдени на дрвен брод на околу 55 километри од јужниот дел на островот, а најмалку четири лица се пренесени во болница, соопштија денеска локалните власти.

Спасените луѓе поминале шест дена на море.

Полициски и воени хеликоптери префрлиле три деца и еден возрасен во болница по пријавата за бродот што рано утринава трговски брод ја упатил до кипарските власти.

Уште три возрасни лица, кои се здобиле со скршеници, биле згрижени од полициски службеници во патролниот чамец кој го пресретнал бродот со мигранти, соопшти полицијата.

Бродот бил одвлечен до пристаништето каде на останатите мигранти им била укажана лекарска помош.

Властите соопштија дека бродот го напуштил Либан на 18 јануари и дека мигрантите најверојатно  останале без вода и храна.

Либански адвокат кој ги следи прашањата за мигрантите во неговата земја рече дека бродот бил пријавен за исчезнат од моментот кога испловил до пристигнувањето на Кипар. Тој рече дека мигрантите се во лоша состојба бидејќи со денови не јаделе.

Либанскиот брег е на околу 168 километри од Кипар. 

Зачлени се на нашиот е-билтен