Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шведскиот премиер сака да се сретне со Орбан во Брисел на разговори за приемот на Шведска во НАТО

Шведскиот премиер Улф Кристерсон предложи да се сретне со својот унгарски колега Виктор Орбан во Брисел следната недела за да разговараат за односите на Шведска со НАТО и други билатерални прашања.

Во писмото до премиерот на Унгарија што денеска го дистрибуираше Владата во Стокхолм, Кристерсон наведува дека ќе ја прифати и поканата добиена претходно оваа недела да се сретне со Орбан во Будимпешта „во време погодно за двајцата“.

„Се согласувам со вас дека еден поинтензивен дијалог меѓу нашите земји би бил од корист“, се вели во писмото на шведскиот премиер.

Во вторникот, Орбан го покани Кристерсон во Будимпешта за да разговара за кандидатурата на Шведска за влез во НАТО.

Унгарскиот парламент е на пауза до средината на февруари. 

Зачлени се на нашиот е-билтен