Земјотрес со интензитет од 5,2 степени го погоди денеска југоисточниот турски округ Малатија, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Земјотресот е регистриран во 16:04 часот по локално време, епицентарот бил во градот Баталгази, а неговата длабочина била 13,9 километри. Земјотресот предизвика голема паника кај населението.
Потресот се почувствувал во областите Аџаман, Кахраманмараш, Газиантеп, Шанлиурфа, Мардин, информираа телевизиите Си-Ен-Ен Турк и НТВ. Според очевидци цитирани од телевизиите, потресот траел околу 30 секунди.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со интензитет од 5,5 степени.
Малатија е меѓу областите кои беа силно погодени од разорните земјотреси во февруари минатата година со интензитет од 7,7 степени и 7,8 степени при што загинаа повеќе од 50 илјади души.