Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повторно протест на германските земјоделци

Повеќе од 300 германски земјоделци денеска пристигнаа со трактори во партиското седиште на коалициската Влада во Берлин, на нов протест против плановите за намалување на субвенциите за гориво.

Протестите во изминатите недели покажаа дека професијата стои заедно и дека е постигнат пресврт што предизвика прелевање на чашата, изјави претседател на Здружението на фармери од покраината Бранденбург Хенрик Вендорф.

Според здружението, земјоделците сакале да достават барања како што се – стопирање на потегот на Владата на канцеларот Олаф Шолц за укинување на намалената даночна стапка за земјоделскиот дизел.

Гневните земјоделци со недели протестираат против кратењето на субвенциите, блокирајќи го сообраќајот со трактори и друга земјоделска опрема. Коалицијата на Шолц, која ги вклучува неговите социјалдемократи, зелените и либералите, е под притисок да ги зголеми даночните приходи или да ги намали трошоците за да се премости големиот буџетски јаз. 

Зачлени се на нашиот е-билтен