Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[ВИДЕО] Ѓорѓиевски: Во 2022 година 10.000 учесници од Македонија заминале во странство преку Еразмус плус

Интересот за учество во Еразмус плус програмата од страна на учениците и студентите, расте секоја година, а секоја година се зголемува и квалитетот на апликациите, порача Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во интервјуто со Соња Танеска за Студио на Слободен печат.

„Во 2022 година над 10.000 учесници од Македонија заминале во странство, на мобилност, на пракса, на размена, што е навистина голема бројка и фидбекот што го добиваме е навистина добар и се надеваме дека оваа бројка ќе расте и во иднина. Ние како Агенција, трета година по ред правиме работилница „Од идеја до проект“ за која има огромен интерес и оваа година имаше околу 300 до 400 апликации од професори од 40 различни места, каде опфативме професори кои имаат многу малку искуство со проекти, а тоа го правиме за да го зголемиме опфатот и да вклучиме што повеќе учеснции во Програмата“, посочи Ѓорѓиевски.

Директорот Ѓорѓиевски посочи дека Агенцијата ги следи светските политики и дејствувања и дека во последните години покрај редовното функционирање, акцент се става и на зелената агенда и зелените политики.

„Зелената агенда е еден од четирите главни приоритети на Програмата и ние сакаме тоа да ни биде приоритет над приоритетите бидејќи знаеме во какво општество живееме. Знаеме дека грижата за животната средина и борбата против климатските приомени и тоа како треба да бидат на пиедесталот и на настрана од проектите на Националната агенција ние сметавме дека треба да влеземе во една фаза на унапредување на животната средина и преку голем број на акции. Такви беа акциите за чистње на Водно, за пошумување на паланечкиот регион како и садење дрвја во градинки и учлилишта во Град Скопје тоа поомина доста добро и затоа за оваа година предвидовме двојно поголем буџет за зелени активности“, порача Ѓорѓиевски.

Плановите за 2024 година се амбициозни.

„Прво, отворање на канцеларија или подржужница во Битола, каде од Владата добивме простор на користење и во тек е јавна набавка за реконструктица. Започнуваме со снимање и емитување на поткасти, бидејќи видовме дека со буџетот што сега го имаме, имме огромен број на заинтересирани апликанти, меѓутоа она што сметавме дека недостастува е тие позитивни примери да се рашират бидејќи има огромен број на позитивни примери, дали се тоа мобилности или проекти кои треба да се споделат со широката јавност. Имаме двојно зголемен буџет за зелени активност, повеќе иницијативи за млади, ќе имаме посета на Европскиот парламент во април“, посочи тој.

Ѓорѓиевски најави дека годинава во план е да се вклучат што е можно поголем број на млади луѓе, но дека ќе бараат и апликации со поголем квалитет бидејќи од оваа 2024 година ќе има различен и построг пристап во програмата со цел да се спроведуваат што е можно поквалитетни и поинклузивни проекти.

Зачлени се на нашиот е-билтен