Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарија претпоследна во ЕУ, според Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал за 2023 година

 Индексот за перцепција на корупцијата во Бугарија во 2023 година е 45 поени, со што таа држава се наоѓа на претпоследното место во ЕУ и на 67 место на светската ранг-листа. Според индексот, на последно место во ЕУ втора година по ред е Унгарија со 42 поени, Романија има 46 поени и Грција 49.

Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал за 2023 година опфаќа 180 земји и територии низ светот, мерејќи го нивото на корупција во јавните институции. Студијата ги рангира земјите на скала од 100 (показател за ниско ниво на корупција) до 0 (показател за максимално ниво на корупција). Индексот е изграден врз основа на 13 различни студии спроведени од 122 независни меѓународни институции и истражувачки организации.

Споредено со 2022 година, Бугарија го промени резултатот од 43 на 45 поени. Споредбата од 2012 година до денес покажува минимална промена во вредностите на индексите од 41 поен во 2012 година на 45 поени во 2023 година, се вели во извештајот.

Студијата од 2023 година покажува дека Бугарија се уште не ги надминала значајните проблеми со владеењето на правото и со олигархиското влијание, се наведува и во извештајот. Калин Славов, извршен директор на Здружението „Транспарентност без граници“, при презентацијата на резултатите од индексот на прес-конференција во Националниот прес-клуб на БТА, рече дека Бугарија нема сеопфатна визија и енергија во процесот на борба против корупцијата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен