Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Песков: Воените вежби на НАТО се закана за Русија

 НАТО претставува закана за Русија, соопшти денеска Кремљ по почетокот на најголемата воена вежба на Алијансата од времето на Студената војна, наречена „Посветен бранител 2024“( Steadfast Defender 2024).

-Секако дека НАТО претставува закана за нас, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, додавајќи дека „постојано се преземаат соодветни мерки“ како одговор на заканата.

Според Песков, „НАТО е средство за конфронтација“, кое со децении постојано ја движи инфраструктурата кон границите на Русија.

Воените вежби „Посветен бранител 2024“, најголемите вежби организирани од НАТО од крајот на Студената војна, почнаа минатата недела во североисточниот дел на САД и треба да траат неколку месеци.

Во вежбите ќе учествуваат околу 90.000 војници од двете страни на Атлантикот и, меѓу другото, треба да го проверат капацитетот на Алијансата за мобилизирање и брз транспорт на американски војници за зајакнување на одбраната на Европа, наведе НАТО.

Маневрите треба да се одвиваат според сценариото за конфликт против „непријател со соодветна сила“, што според терминологијата на Алијансата се однесува на Русија, иако таа не е именувана.

Во вежбите ќе учествуваат околу 50 воени бродови, 80 авиони и 1.100 борбени возила.

Зачлени се на нашиот е-билтен