Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Троловите на ВМРО-ДПМНЕ шират лажно видео во кое симпатизерите на СДСМ „викаат“ дека се Бугари

„Трол армијата“ на ВМРО-ДПМНЕ пред избори пуштена на најјако, односно во видеото во коешто говори претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во Општина Центар, измонтираа лажно видео парче во кое насобраните граѓани наместо да извикуваат дека се Македонци, извикуваа дека се Бугари.

„Со отпочнување на преговорите за членство во Европската унија го заштитивме јазикот, ја заштитивме културата и идентитетот, и затоа ги нема (ВМРО-ДПМНЕ) со критиките што ги правеа минатата година, тука по оваа улица (ул. Македонија) палеа и жареа и го лажеа народот. Каде се сега да излезат и да кажат? Нели ќе имало асимилација, бугаризација, нели ќе немало Македонци да бидеме, па што сме ние овде – кажете Македонци, (Македонци, Македонци… извикуваа насобраните граѓани), е така нека чујат, (се мисли на ВМРО-ДПМНЕ)“, истакна Ковачевски.

ИЗМОНТИРАНО ЛАЖНО ВИДЕО

На социјалната мрежа Х, профилот Бомбашот објави измонтираното лажно видео во кое симпатизерите на СДСМ „викаат“ дека се Бугари, наместо Македонци.

Ова лажно видео е споделено од десетици профили, во најголем дел поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште не започна официјално изборната кампања, но веќе се наговестува дека ќе биде валкана, односно проследена со многу дезинформации, лажни вести, пропаганда…

ЦМТ

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново