Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мишел: ЕУ постигна договор за 50 милијарди евра помош за Украина

Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра (54 милијарди долари) помош за Украина на самитот во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на X.

„Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ.  Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина; знаеме што е во прашање“, напиша Мишел на мрежата Х.

Зачлени се на нашиот е-билтен