Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хакирана веб-страницата на албанскиот Институт за статистика, објавени податоци за вработени во администрацијата

 Албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ стана цел на хакерите на иранската група „Tатковинска правда (Homeland Justice), кои објавија чувствителни податоци на вработени во администрацијата, јави Топ чанел.

Одговорноста групата ја презела преку објава на социјалните мрежи каде се поставени и чувствителни податоци како што е бројот на банкарски сметки на вработени во администрацијата, нивните матични бореви, име, презиме, телефонски број, адреса на е-пошта, адреса на живеење.

Веб страницата на Инстутот повеќе не е достапна кога се бара на Гугл.

Во декември истата група ја презеде одговороста за хакираната страница на мобилната компанија „One Albania“, воздухопловната „Ер Албанија“, албанскиот Парламент, Управата за јавни приходи, албанската државна висока контрола, а како што самата потврди и Национална агенција за информатичко општество. 

Зачлени се на нашиот е-билтен