Повеќе од 38.000 луѓе поднеле барање за азил во Холандија минатата година, што е за осум отсто повеќе отколку во 2022 година, соопшти денеска Холандскиот статистички завод.
Институтот наведува дека три четвртини од барателите на азил биле мажи, дека мнозинството биле помлади од 35 години, а речиси 30 отсто се деца, објави НЛ Тајмс.
Се нагласува дека најмногу барања за азил се поднесени во втората половина на 2023 година – повеќе од 23.000 од вкупно 38.000.
Како и претходните години, најмногу баратели на азил во Холандија пристигнаа од Сирија минатата година – 13.000 Сиријци го поднесоа своето прво барање за азил, нешто повеќе отколку во 2022 година.
Други големи групи баратели на азил дошле во Холандија од Турција и Еритреја.
Повеќе од 10.000 луѓе дојдоа во Холандија минатата година за да им се придружат на членовите на нивните семејства кои веќе добија азил во Холандија, што е за седум проценти помалку отколку во 2022 година.
Повеќето од нив биле од Сирија и Еритреја, околу 60 отсто од нив биле жени, а нешто повеќе од половина биле деца, наведува Холандскиот статистички завод.