Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поради суша во Каталонија прогласена вонредна состојба

 Во североисточниот шпански регион Каталонија денеска е прогласена вонредна состојба поради најтешката суша забележана во оваа област.

На жителите од денеска им е забрането да перат автомобили и да полнат приватни базени, а ограничувањата ќе се однесуваат и на употреба на вода за земјоделството и индустријата, а исто така ќе биде ограничено дневното снабдувањето со вода по глава на жител. За прекршување на ограничувањата се предвидени казни, а можно е и воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Повеќе од шест милиони Каталонци ќе бидат погодени од мерките во 200 градови, вклучувајќи го и главниот град Барселона.

Ограничувањата беа воведени откако количината на вода во акумулациите се намали на околу 16 отсто од нивниот капацитет.

Суша има и во други шпански региони, вклучително Андалузија на југ и Валенсија во источниот дел од земјата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен