Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полицијата смета дека нападот во Париз не е терористички чин, напаѓачот имал психички проблеми

Според првичните сознанија од истрагата за нападот со нож изутрината на железничка станица во Париз во кој беа повредени три лица, не станува збор за теростички чин, а напаѓачот е лице со психички проблеми, соопшти француската полиција. 

Напаѓачот, државјанин на Мали, е со пријавен статус во Италија од 2016 година и кај него е пронајден валиден документ издаден во 2019 година.

Полицискиот началник Лоран Нуњез во изјава за медиумите на железничката станица Лион каде што се случи нападот, кажа дека напаѓачот страда од психички проблеми и дека му биле пронајдени лекови.

Според полицијата, во нападот што се случи изутрината околу 08:00 часот, едно лице е потешко рането, но не е во животна опасност, а две имаат полесни повреди.

Зачлени се на нашиот е-билтен