Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хамас ги осуди нападите на САД и Велика Британија врз јеменските Хути

 Палестинската исламистичка организација Хамас ги осуди вчерашните напади на САД и Велика Британија врз цели на Хутите во Јемен, предупредувајќи дека „ескалацијата ја загрозува стабилноста во регионот“.

-Силно го осудуваме американско-британското бомбардирање на Јемен и го сметаме за бесрамен напад врз суверенитетот на братска арапска земја и ескалација што ќе го втурне регионот во дополнителни немири и нестабилност. Вашингтон и ционистичкиот окупатор (Израел) сносат целосна одговорност за последиците од тие напади, се вели во соопштението на Хамас.

САД и Велика Британија соопштија дека десетици цели во Јемен биле нападнати вчера, како одговор на нападите на бунтовниците Хути поддржани од Иран врз бродовите во Црвеното Море. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново