Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Велика Британија воведува кривична одговорност за качување по национални споменици

Британската влада денеска ги објави плановите за воведување кривични казни од три месеци затвор плус парична казна од илјада фунти за лицата кои се качуваат на националните споменици.

Соопштението доаѓа по антиизраелските демонстрации во Лондон.

Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека инцидентите на неодамнешните протести биле предизвикани од „мало малцинство посветено на повредување и навредување на оние кои ја платиле крајната цена за слободата“.

-Мирниот протест е основно право во нашата земја, но искачувањето на нашите споменици е навреда што не може да се дозволи, рече Клеверли.

Воведувањето на кривична одговорност за такви дела ќе биде дел од планот за зајакнување на полициските овластувања во сузбивање на немирите, наведе владата.

Демонстрации против израелското бомбардирање на Појасот Газа неколкупати се одржуваат во Лондон и во други европски градови

Најново