Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изложба „Над бескрајот на стените“ на Зоран Лазаревски во МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Над бескрајот на стените” на Зоран Лазаревски.

Лазаревски е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „Графика на Белградскиот круг“ во 1976 година, признание на „Ликовни средби“ во Суботица истата година, откупна награда на Музејот на современата уметност „Млада генерација 77“, повеќе откупни градски награди од општински и републички карактер, како и награда на библиотеката „Св. Климент Охридски“ и „ДЛУМ-цртеж“ во 1992 година.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 21 февруари 2024.

За уметноста на Зоран Лазаревски, писателот Глигор Стојковски вели „секој отсекогаш сакал барем да се доближи до чудесните форми и бои, да ги одгатне таинствените пораки што тие ги упатуваат – древни, вечни, секому важни“.

– Природата е ненадминат уметник; речиси нема некој, кој и да е, кога и каде да било, макар мигновено да не ја почувствувал нејзината семоќна рака, полноводната кристална река што струи низ неа. Многумина ќе поитаат да понудат одговор и објаснување, но мудриот Сенека би рекол – „Премногу сме смртни за да го спознаеме бесмртното“, вели Стојковски, соопштуваат од МКЦ.

Зачлени се на нашиот е-билтен