Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тајани: Не се плашиме од заканите на Хутите, никого не напаѓаме

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека Италија не е исплашена од заканите на Хутите дека ќе го нападнат Рим доколку Италија учествува во воздушните напади врз позициите на милитантите во Јемен.

„Не се плашиме од заканите на Хутите, кои се терористичка организација“, изјави Тајани на Италијанската Република, пренесува АНСА.

Тој нагласи дека Италија нема да нападне никого како дел од мисијата на Европската унија во Црвеното Море, за која нагласува дека е исклучиво од одбранбен карактер.

„Не се плашиме од заканите на Хутите. Ние го браниме бродскиот сообраќај. Не напаѓаме никого и не сакаме некој да не нападне“, рече Тајани.

Тој нагласи дека мора да има слободен поморски сообраќај, додавајќи дека Италија ќе одговори на евентуалните напади на нејзините трговски бродови. Повтори дека Хутите се „терористичка организација“.

Шефот на Врховниот револуционерен комитет на Хутите, Мохамед Али ал-Хути, претходно денеска изјави дека Италија ќе стане цел доколку учествува во нападите врз Јемен.

Зачлени се на нашиот е-билтен