Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќето нелегално пристигнати бегалци во Белгија се принудени да си заминат од неа

Повеќето мигранти кои илегално пристигнале во Белгија се принудени да ја напуштат земјата, покажуваат податоците презентирани во локалните медиуми.

Минатата година биле извршени 3.383 присилни враќања, а 3.107 мигранти доброволно ја напуштиле Белгија по донесеното соодветно решение од локалните власти. На речиси 2.000 мигранти им бил забранет влез на границата.

Се прецизира дека овие бројки се слични на податоците од пред пандемијата. Во 2020 година се вратени 4.861 мигрант, а следната година – 5.249, покажува статистиката.

Според белгиските власти, голема пречка за повеќе враќања е честото одбивање на земјите од кои доаѓаат мигрантите да ги вратат своите граѓани. Според белгиската Влада, ова прашање треба да лежи во односите меѓу ЕУ и другите земји кога се преговара за договори во областа на трговијата, инвестициите и можностите за работа.

Најново