Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Распуштено француското ултрадесничарско здружение Цитадела поради ксенофобија

 Француската Влада вчера го распушти екстремно десничарското здружение Цитадела, поради што поттикнувало ксенофобија, дискриминација, насилство и омраза.

Здружението Цитадела, кое се претставуваше како патриотска организација, беше познато по својата ксенофобна идеологија и поттикнување омраза и дискриминација.

Во февруари 2023 година на здружението му беше забрането да организира настан наречен „Нека се вратат во Африка“. Нејзиниот директор Орелиен Верхасел јавно го критикуваше исламот и изјави дека членовите на групата можат да бидат само припадници на белата раса. 

Зачлени се на нашиот е-билтен