Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Италијанските земјоделци демонстрираат против бирократијата и евтиниот увоз

 Италијанските земјоделци почнаа протести во Рим и Милано барајќи поедноставување на бирократските процедури и регулирање на евтиниот увоз на стоки што доаѓаат надвор од Европската унија.

Земјоделците од земјоделските региони како Тоскана вчера  со трактори маршираа на југ, кон главниот град, носејќи транспарентни „Без земјоделците нема храна“ и италијански знамиња.

-Одиме во Рим за да се соочиме со политичарите за да ги решиме нашите проблеми, изјави тосканскиот фармер Давиде Росати, пренесува „Гардијан“.

Демонстрантите кои стигнаа до Милано, во знак на протест, низ улиците на градот шетаа крави.

-Од четврток почнува мобилизацијата. Ќе се собереме со возила на повеќе места во главниот град, изјави Данило Калвани, еден од водачите на протестите и шеф на движењето „Кра Агриколтори традити“.

Италијанските земјоделци на тој начин се приклучија на протестите што се одржуваат низ Европа, од кои демонстрантите бараат повисоки цени за нивните земјоделски производи, како и намалување на влијанието на бирократијата.

Италијанските земјоделци се жалат дека еколошките мерки наметнати во ЕУ им ја намалиле конкурентноста во однос на земјоделците во Латинска Америка и од европските земји кои не се членки на ЕУ.с

Најново