Како што дознава 24info.mk на денешната седница Владата на Македонија дала препорака до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување да ја донесе одлуката за утврдување на висината на бодот според барањата на синдикатот на оваа институција.
Ова е прв чекор кон исполнување на барањата на Синдикатот на ФЗО кој од вчера стапи во штрајк.
По доставувањето на препораката до УО на Фондот за здравствено осигурување се очекува истата да биде прифатена, со што и официјално ќе се прифатат барањата на Синдикатот и штрајкот на вработените би прекинал.