Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанските земјоделци најавија протести и блокирање патишта

 Претставници на Сојузот на албански земјоделци денеска пред Министерството за земјоделство предупредија дека ќе почнат со протести и блокирање на патишта, доколку не се исполнат барањата.

Тие држеа голем транспарент на кој беа напишани нивните пет барања.

Изедначување на ДДВ-то за земјоделските производи, надомест за секој литар млеко, укинување на данокот за нафтата за земјоделски возила, ДДВ-фактура со реална цена од местото на наплата на денот на испораката на производот, субвенција за семиња, садници и за органски производи, пишува на транспарентот.

Земјоделците најавија дека ќе протестираат во текот на цел февруари, почнувајќи од  Корча, а „протестот ќе кулминира во Тирана во првите денови од идниот месец“.

Зачлени се на нашиот е-билтен