Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска пристигна во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина.
Претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, ја пречека словенечката претседателка со сите државни почести, а потоа следеше нејзина средба со членовите на државното претседателство.
За време на посетата на Босна и Херцеговина, претседателката на Словенија ќе учествува и на свечената академија по повод 40-годишнината од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сараево, како и средби со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина и членовите на колегиумот на двата дома на Парламентот на Босна и Херцеговина се најавени за утре.
Во рамки на одбележувањето на годишнината од Олимписките игри во Сараево, словенечката амбасада во Босна и Херцеговина ќе организира „ДипломатСКИ“, кога свечено ќе биде отворена нова скијачка патека во чест на поранешниот југословенски скијач и сребрен олимписки медал, Словенецот Јуре Франко.
Пирц Мусар ќе ги посети и припадниците на словенечките сили, кои делуваат во составот на ЕУФОР и НАТО штабот во Сараево.