Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел го бомбардираше пренаселениот град Рафах и покрај предупредувањата на САД

 Израел изутрината бомбардираше цели во пренаселениот град Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, откако неколку часа претходно претставници на американската Влада го предупредија Тел Авив да не ја шири својата копнена офанзива во таа насока.

Рафах е дом на повеќе од половина од 2,3 милиони жители.

Во денешните израелски напади беа погодени две станбени згради, при што загинаа осум Палестинци, меѓу кои три деца и една жена.

Погодена е и детска градинка која се користи како засолниште за раселените жители во центарот на Газа. Најмалку четири лица загинаа во нападот, соопштија претставници на локалната болница. Околу 30 се повредени, главно жени и деца. Очевидци велат дека луѓето во засолништето спиеле во моментот на израелскиот напад.

Зачлени се на нашиот е-билтен