Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Речиси секое десетто дете под пет години во Газа е акутно неисхрането

 Во Појасот Газа, речиси едно од десет деца на возраст под пет години сега е акутно неисхрането, главно како резултат на војната на Израел против Хамас, покажуваат бројките на Обединетите нации.

Залихите на храна од кои зависи Газа се намалија во однос на нивото од пред војната, а хуманитарните работници известуваат за видливи знаци на глад, особено во северните и централните области на Појасот Газа, кои се најтешко погодени од војната.

Мерењата на обемот на рацете на илјадници мали деца и доенчиња покажаа дека 9,6 отсто се акутно неисхранети, околу 12 пати повеќе од нивото пред војната, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Во северниот дел на Газа, стапката е 16,2 отсто, или секое шесто дете. Според хуманитарните работници, камионите со храна редовно биле ограбувани во последните недели пред да стигнат до болниците. Добротворната организација „Екшен Еид“ објави дека некои жители на Газа јадат трева.

„Секој човек во Газа сега е гладен, а луѓето имаат 1,5 до 2 литри небезбедна вода дневно за да ги задоволат сите свои потреби“, наведуваат тие.

Меѓународната непрофитна организација Проект Хоуп објави дека околу 15 отсто од бремените жени во централна Газа се неисхранети. Тие известуваат дека има зголемување на анемија, односно недостиг на железо, што може да го зголеми предвременото породување и постпородолно крварење.

Зачлени се на нашиот е-билтен