Британскиот крал Чарлс Трети денеска посети црква во Сандрингем, Норфолк, Англија, што е негово прво појавување во јавноста откако Бакингемската палата објави дека му бил дијагностициран рак.
Жителите на тоа село го виделе кралот додека шетал пред црквата Света Марија Магдалена во Сандрингам, објави Би-Би-Си.
Тој вчера и се заблагодари на јавноста за „поддршката и добрите желби“ откако беше објавено дека боледува од рак. Кралот Чарлс рече дека сите заболени од рак знаат дека таквите желби се „најголема утеха и охрабрување“.
Палатата во понеделникот објави дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран облик на рак, помалку од 18 месеци од неговото владеење.
Чарлс престојува во имотот Сандрингем во Норфолк за време на неговото лекување и во меѓувреме му предаде некои јавни должности на својот син, принцот Вилијам, но ќе продолжи да ја води официјалната документација.