Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Саудиска Арабија нема да гради нови нафтени капацитети поради енергетската транзиција

 Саудиска Арабија одлучи да ги замрзне плановите за проширување на капацитетите за производство на нафта поради енергетската транзиција, рече министерот за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман.

Кон крајот на јануари, саудиската Влада ѝ нареди на државната нафтена компанија „Арамко“ да го замрзне планот за проширување на нафтените капацитети и да го насочи максималниот одржлив капацитет од 12 милиони барели дневно (bpd), милион помалку отколку што е планирано за 2020 година. Требаше да ја постигнат целта до 2027 година.

„Мислам дека ја одложивме таа инвестиција само затоа што сме во транзиција“, рече принцот Бин Салман.

Освен во нафта, „Арамко“ инвестира и во гас, петрохемиски производи и обновливи извори на енергија, потсети саудискиот функционер.

Ријад сака да ги намали емисиите на нето нула до 2060 година, а „Арамко“ најави дека сака да ја постигне таа цел во своето работење до 2050 година.

Во случај на големи нарушувања во глобалното снабдување поради конфликт или природни капацитети, Саудиска Арабија има „огромни“ резервни капацитети за производство на нафта, истакна принцот Бин Салман.

Зачлени се на нашиот е-билтен