Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Судири помеѓу земјоделците и полицијата во северна Индија

– Полицијата во северна Индија употреби солзавец во близина на градот Амбала, околу 200 километри северно од Њу Делги за да ги спречи илјадниците земјоделци, кои маршираа кон главниот град.

На три страни околу Њу Делхи се поставени бодликава жица, цементни блокови и огради за да се спречат демонстрантите да влезат во градот. Владата стравува од повторување на ситуацијата од 2020 година, кога десетици луѓе загинаа во протестите што траеја цела година. Протестите завршија дури кога Владата го повлече контроверзниот закон за земјоделство.

Земјоделци бараат Владата да донесе закон со кој се обврзува на повисоки субвенции или гарантирани откупни цени за нивните производи и со тоа ќе ги исполнат ветувањата дадени пред две години за двојно зголемување на приходите на земјоделците.

И на демонстрантите од Пенџаб не му беше дозволено да пристигнат во Њу Делхи. На границата на провинцијата Шамбу демонстрантите се судрија со полицијата, која ги блокира патиштата и го пренасочи сообраќајот. Исто така забранети се големи собири во градот и на границите на провинцијата.

Во Харајана, Владата дури и ги суспендираше интернет услугите на неколку дена.

Досега имаше две рунди преговори меѓу лидерите на синдикатот и федералните министри, но засега нема договор со кој би се прекинал штрајкот. На протестите учествуваат 200 синдикати, кои најавија штрајк на 16 февруари при што ќе ги стопираат сите земјоделски работи. Продавниците, пазарите и канцелариите во сите села ќе бидат затворени. Земјоделците ќе ги блокираат сите главни патишта низ државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен