Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД отфрлиле предлог на Путин за замрзнување на конфликтот во Украина, тврдат руски извори за западни медиуми

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина и замрзнување на воените дејствија бил отфрлен од САД, откако двете страни оствариле контакт преку посредници,  јавија британските медиуи пренесувајќи информација на новинската агенција Ројтерс кои цитираат три руски извори. 

Извор од САД негираше дека имало каков било официјален контакт и рече дека Вашингтон нема да се вклучи во разговори во кои не е вклучена Украина.

Путин испрати сигнали до Вашингтон во 2023 година јавно и приватно преку посредници, вклучително и преку арапските партнери на Москва на Блискиот Исток и други, дека е подготвен да размисли за прекин на огнот во Украина, велат руските извори.

Путин предлагаше да се замрзне конфликтот на сегашните линии и не беше подготвен да отстапи која било украинската територија контролирана од Русија.

„Контактите со Американците не вродија плод“, изјави за Ројтерс висок руски извор запознат со дискусиите кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 година, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на ситуацијата, наведуваат британски медиуми.

Вториот руски извор кој знаел за контактите изјавил за таа агенција  дека Американците и рекле на Москва, преку посредници, дека нема да разговараат за евентуален прекин на огнот без учество на Украина и така контактите завршиле неуспешно.

Трет извор запознат со дискусиите рече: „Се’ се распадна со Американците“. Изворот вели дека Американците не сакале да вршат притисок врз Украина.

Тоа се случува кога американскиот претседател Џо Бајден со месеци го притиска Конгресот да одобри поголема помош за Украина, но се соочи со противење од сојузниците на републиканскиот фаворит за претседателска номинација, Доналд Трамп.

Кремљ, Белата куќа, Стејт департментот на САД и ЦИА одбија да коментираат. 

Зачлени се на нашиот е-билтен