Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Орданоски: Политичкиот светоглед на Сиљановска е од осумдесеттите, слични се и Максим и Стевчо

„Главните кандидати, такви се 4-5, коишто ќе бидат истовремено и најгласни и најинтензивни во кампањите, 90% од нив живеат со своите политички мисли во едно друго време. Не е тоа само затоа што сите они во суштина се националисти, туку затоа што идејата за демократија им е застаната и пред социјалистичките демократски модели. Професорката Гордана Сиљановска, реално нејзиниот политички светоглед е од 80тите години. Сите се оние припадници на дефиницијата дека демократијата е власт на мнозинството. Воопшто како да не живеат во оваа држава која последните 25 години развива модел на социјална демократија кој е многу попрефинет, поразвиен, дава големи резултати, прави големи проблеми“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски во поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој додаде дека истиве овие кандидати се застанати во разбирањето на демократијата во осумдесеттите години од минатиот век.

„Тоа не се однесува само на г-ѓа Гордана, туку и на Максим, Стевче Јакимовски“, посочи Орданоски.

Орданоски вели дека државата ги трпи последиците од амнестирањето на криминалците од страна на Иванов.

„Ако им ги видиш биографиите на досегашните претседатели, сите имале кризи во кои биле вмешани на еден или на друг начин. За Киро Глигоров не треба да говориме, воспоставувањето на државноста на Македонија, вткаен со својот авторитет во јавноста. Борис Трајковски во исклучително голема кризна ситуација, пред и по кризата во 2001 година изигра битно влијание. Водеше голема политичка улога за смирување на страстите, доаѓање до договор. Ѓорге Иванов преспа два термини, ама ги направи сите неопходни интервенции за онаа криза со Груевски и целиот негов режим да се развие во насока кој потоа доведе до рушење на тој режим“, изјави аналитичарот Орданоски во поткастот „Политиканти“.

Амнестирањето на криминалците од страна на Иванов е чин кој се смета за незаконски, а државата трпи последици од тоа и ден денеска.

„Кога така ќе ја проанализираш ситуацијата, сфаќаш дека претседалите придонесуваат за тоа да тие играат важна политичка улога во нашето општество“, заклучи Орданоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново