Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претседателот Пендаровски на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојува во работна посета на Тирана, Република Албанија, каде што ќе учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа, соопшти неговиот кабинет.

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот, а предвидено е да оствари и билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

На Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана, на кој домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, а ко-домаќин е украинскиот претседател Володимир Зеленски, своето учество го потврдија претседателите на Република Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседателките на Република Косово и на Република Молдавија, Вјоса Османи Садриу и Маја Санду, премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Зачлени се на нашиот е-билтен