Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рама од Баку: Ќе градиме центар за природен гас во Валона

Албанскиот премиер Еди Рама од Баку најави дека Владата е подготвена да изгради центар за природен гас во приморскиот град Валона, јавија албанските медиуми.

Во објава на Фејсбук, додаваат, Рама прво наведува дека од претседателот Илхам Алиев бил поканет да се обрати на 10-тиот самит на Јужниот гасен коридор, како и заеднички да разговараат за напредокот на заеднички проекти во областа на енергетиката, при тоа оценувајќи дека почнува „нова ера и соработка со Азербејџан“.

-Веќе е готова студијата за гасификација на областа Корча, како прв чекор од програмата за продолжување на употребата на гасот за општа потрошувачка во Албанија. Исто така при крај е студијата за поврзување на гасоводот ТАП со ТЕЦ Валона, додека почната е инвестицијата за пуштање во употреба и проширување на капацитетите на термоцентралата, напиша Рама.

Додава дека Албанија и Азербејџан дополнително ќе развиваат проекти од заеднички интерес, на „патот на пријателството и партнерството кое само ќе се зајакнува на секој чекор.

Министерката за инфраструктура, Белинда Балуку, денешнот ден го оценува како посебен, бидејќи биле потпишани низа договори со азербејџанската страна, за економска соработка меѓу двете земји во иднина, секако, и договор за укинување на визите меѓу двете земји.

-По руската агресија во Украина, секако дека гасот беше едно од најважните прашања за кои се разговараше во однос на снабдувањето за цела Европа, но секако и за создавање на безбедносни депозити, бидејќи денес нашироко се зборува за зелена агенда, која Албанија ја спроведува, бидејќи нашето производство се заснова 100 отсто на обновливи извори, наведува министерката.

Но, од друга страна, додава, создавањето гасна инфраструктура и создавањето можност да има алтернативни извори, секако би ѝ дало на Албанија, но и на регионот поголема енергетска сигурност.

Зачлени се на нашиот е-билтен