Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Едноставна процедура за добивање работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан

Граѓаните на Србија можат да пристапат до ИД број на Отворен Балкан (ОБ), кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан, преку порталот е-Управа, објави Блиц.

Од 5 март, преку порталот www.euprava.gov.rs, сите граѓани на Србија ќе можат да го креираат својот ИД број на Отворен Балкан преку едноставна процедура, што е предуслов за поднесување барање за слободен пристап до пазарот на трудот во Северна Македонија или Албанија.

Граѓаните на Северна Македонија и Албанија го креираат својот ИД број на Отворен Балкан на нивниот национален портал за електронска управа.

Државјаните на Србија, Албанија и Северна Македонија, кои сакаат да се вработат во некоја од членките на Отворен Балкан или веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на Отворен Балкан, што го креираат електронски во неколку чекори.

Тоа подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа креира ИД број на Отворен Балкан во неколку чекори. На корисникот веднаш ќе му биде доделен ИД број на Отворен Балкан, а на неговата е-маил адреса ќе добие и потврда за доделениот ИД број во форма на електронски документ. Потоа, заинтересираниот може да пристапи до порталот на електронската управа на посакуваната земја (државата во која има намера да се вработи) и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Одредишната земја донесува конечна одлука по спроведената проверка, а најдоцна во рок од 30 дена од датумот на поднесување на барањето.

По добивањето на дозволата, заинтересираното лице може да се вработи, под исти услови како локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој период може да ја продолжи дозволата, која воедно претставува и одобрение за престој и работа.

Повеќе информации за електронските услуги на регионалната иницијатива Отворен Балкан се достапни на Порталот е-Управа на Република Србија, а сите прашања во врска со услугите може да се испратат до контакт центарот со испраќање е-маил на адресата openbalkan@gov.rs или преку контакт формата на Порталот е-Управа. Вчера официјално беше формиран единствениот пазар на труд на Србија, Албанија и Северна Македонија, а српскиот министер за финансии Синиша Мали најави дека ќе се поврзат порталите за е-Управа на трите земји.

Зачлени се на нашиот е-билтен