Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Десет романи во трката за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доселува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“.

На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи.

  1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
  2. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
  3. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“ 
  4. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
  5. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“ 
  6. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“ 
  7. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
  8. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
  9. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
  10. „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“

Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

Зачлени се на нашиот е-билтен