Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо ново: И по Камчев – Керим

ДРАГАН МИШЕВ

Некогашниот директор и косопственик на МПМ, Срѓан Керим ( долгогодишен близок соработник и деловен партнер на Орце Камчев, финансиерот на ВМРО ДПМНЕ назначен на црната листа на САД) осомничен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“!, директен виновник за згаснувањето на  дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ и неделникот „Теа Модерна“, поради кого без работа и со неисплатени плати останаа неколкуте стотици новинари и технички персонал вработени во „Медиа Принт Македонија“, и печатницата „Графички центар Скопје (ГЦС), во сопственост на МПМ, се појави како делегат на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Името на Керим, некогашниот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работии и советник во Владата на времениот премиер Емил Димитриев се поврзуваше и со аферата „Евра во шише“, бидејќи во 2008 унгарските цариници открија 750.000 евра во кеш кај возачот на Срѓан Керим во „Медиа принт Македонија“, пари кои тој, иако имал обврска, сепак не ги пријавил кога ја преминувал границата. Возачот на Керим пред унгарските власти објаснувал дека еврата ги носи од МПМ во централата во Виена. Немало потреба да го спомене името на испраќачот.

Како куриозитет, фирмата во која заедно со Орце Камчев беше дел од сопственичката структура и директоруваше сегашниот делегат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ја финансирала изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со 300.000 евра, а немала пари да исплати плати на вработените и да продолжи со работа.

Еве, ова се новите лица на иднината што ја нудат Мицкоски и ДПМНЕ:

Пајташот на Орце Камчев од Црната листа на САД, делегат на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ
Меѓу делегатите на конвенцијата и пулените на Грујо, и еден бивш Љубчовист, новите лица на ВМРО – ДПМНЕ

И секако, најголемото освежување во понудата, претседателската кандидатка Гордана Силјановска давкова, кадарот на Бранко Црвенковки, министерка без ресор во првата политичка влада на СДСМ, далечната 1992 година.

Претседателската кандидатка на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова министерка без ресор во првата Влада на Бранко Црвенковски ( во бело, веднаш до БЦ)

Да не биде „ не сте знајали“, после гласање џабе е каење. (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен