Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Денешниот „Супер вторник“ е одлучувачки во за конечна номинација за кандидати за претседател на САД

„Супер вторник“ е најважниот ден во трката за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември годинава. Што е „Супер вторник“ во комплицираниот изборен систем на Америка?

Мирјана ВАСИЛЕВА

„Супер вторник“ е најважниот ден во трката за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември годинава.

Што е „Супер вторник“ во комплицираниот изборен систем на Америка?

Најголемиот број американски држави одржуваат прелиминарни избори или пратенички групи во ист ден –  кога дури 15 сојузни држави ќе гласаат на внатрепартиски избори каде што  распределуваат гласовите на делегатите

Секоја земја има свои правила. На пример, Калифорнија има систем каде што сите избрани делегати гласаат за кандидатот кој добил најмногу гласови на прелиминарните избори.

Од друга страна, државите како Њу Хемпшир ги распределуваат гласовите на делегатите пропорционално – во однос на тоа кој кандидат колку гласови добил на примарните избори.

Како и да е, „Супер вторник“ треба да понуди увид во силата и потенцијалните слабости на поранешниот и актуелниот претседател Доналд Трамп и Џо Бајден и да се определи номинацијата на кандидатите на демократите и на републиканците.

Изборите за номинација ќе се одржат во Алабама, Алјаска, Арканзас, Калифорнија, Колорадо, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тенеси, Тексас, Јута, Вермонт, Вирџинија и американската територија Американска Самоа. Републиканските избори ќе се одржат во сите овие 15 сојузни држави, додека демократите ќе гласаат во истите држави освен во Алјаска. Исто така, ќе бидат познати и  резултатите од Демократската партија во Ајова.

За демократите изборот е јасен – Бајден, републиканците уште го држат во неизвесност Трамп

Демократите застанаа зад  својот кандидат, актуелниот претседатал,Бајден, додека  републиканците сѐ уште ја немаат официјализирано номинацијата, поради што поранешниот претседател Трамп влезе во трка на внтрешно партиските избори во неколку сојузни држави и досега победи во Ајова, Њу Хемпшир, во Јужна Каролин и во Мичиген. Со тоа уште еднаш потврди  дека тој е најголемиот фаворит и најпопуларен меѓу републиканските гласачи, и при тоа забрзано се подготвува за нова нова пресметка со Џозеф Бајден.

Анкета на Њујорк Тајмс – Бајден заостанува зад Трамп

До изборите  во САД остануваат  уште 8 месеци, но според најновата анкета  на Њујорк Тајмс, доколку тие се одржат сега, американскиот претседател Џозеф Бајден заостанува пет проценти зад Доналд Трамп,

Анкетата вели дека  43 отсто од Американците би гласале за демократскиот претседател Бајден, додека 48 отсто би гласале за поранешниот претседател од редовите на Републиканската партија, што е мало зголемување во корист на Трамп во однос на последната анкета спроведена од Њујорк Тајмс во декември.

Речиси 10 отсто од анкетираните не сакале да дадат изјава или биле неопределени.

Анкетите покажаа дека има негативни ставови за начинот на кој Бајден ги извршува своите должности, па 47 отсто од испитаниците не го оправдуваат начинот на кој тој ја врши својата работа, што е негов најслаб резултат откако ја презеде функцијата

Меѓу демократите, и покрај тоа што се определија за својот кандидат Бајден,  во последно време, влијае и тоа што кај дел од американската јавност се поставува прашањето за неговото здравје, но и за лошиот рејтинг и покрај  поддршката на мејнстрим медиумите, кои што се во САД во апсолутно мнозинство симпатизери на Демократската партија и лично на Бајден.

Демократите го вклучија алармот

Добрите  познавачи на американскиоит изборен процес, оценија дека кај демократите се вклучи алармот, имајќи предвид дека изборите се веќе на прагот и дека се намалуваат шансите Бајден да го подобри својот слаб рејтинг. Затоа се повеќе, иако неофицијално, се говори дека Демокаратската партија бара алтернативни решенија.

Амерканските медиуми во врска со ова прашање, известија дека шансите на актуелната вицепретседателка Камала Харис се многу мали, и ја истакуваат опцијата дека Бајден би можел да го земни сопругата на поранешниот претседател Барак Обама, Мишел Обама, која е попопуларна во јавноста од Харис

Пред  одржувањето на изборите на 5 март, на така наречениот „Супер вторник“, на 28 февруари на изборите во Мичиген победија кај своите сопартијци и Бајден и Трамп, но овие избори  ја покажале ранливоста на кандидатите

Меѓу поддржувачите на Трамп и Бајден се појавија забележителен процент од оние кои останаа неопределени, со што покажаа дека политиката што ја водат нивните кандидати за одредени прашања не им се допаѓа, особено во погледот на резултатите кои што на виделина ја откри сериозна загриженост за двете кампањи како што се приближува најизвесниот ноемвриски реванш на претседателските избори во САД.

Победата на Бајден дојде со предупредување од младите гласачи и демократите со арапско потекло во форма на неопределен протестен глас – сменете го курсот за војната во Газа или ризикувајте да изгубите значителен дел од поддршката во државата што може да биде одлучувачко во општи избори.

Што се однесува до Трамп, околу 30 проценти од републиканците  гласаа за поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, а некои останаа неопределени. И покрај  победата на Трамп, факт е дека републиканците  се двоумат, вклучително и во државата во која победи со мала разлика во 2016 година, а потоа загуби од Бајден четири години подоцна.

За американските медиуми тема е и возраста на претседателските кандидати Трамп и Бајден. Пишуваат дека и давјцата се во доцните години – 77 и 81, ако сериозно се разболат или умрат по денот на изборите или пред инаугурацијата, наместо избраниот претседател, потпретседателот би положил заклетва, но тој би морал да назначи потпретседател кој ќе го замени и кој ќе биде одобрен од Конгресот .

Официјалните резултати од претседателските избори ќе бидат објавени на 6 јануари 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен