На прашањата: „Дали слушате македонска музика и кој македонски пејач/пејачка/бенд/ДЏ ви оставил најголемо влијание? Кога последен пат сте биле на концерт или настап на македонски музичар и на кој?“, граѓаните за анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, даваат различни одговори.
Анкетираните како свои омилени пејачи ги спомнуваат: Тоше Проевски, Бојана Скендеровски, Диџеј Мац, Тонио Сан, Легијата, Дани Димитровска, Александра Јанева, Тамара, Елена, Анастасија, Мизар, Џајковски, Луфтханза, Игор Џамбазов, Анета Мицевска, Благица Павловска, Блага Петревска, Пајак, Дупер, Ареа, Занаду, Беи д фиш, Фолтин…
На прашањето, „Која е првата македонска песна што ви паѓа на ум?“ граѓаните ги истакнаа: „Галебе мој тажен“ (Верица Ристевска), „Ајде да летаме“ (Каролина), Pass Over (Анастасија), Месечевиот сјај (Nokaut ft. Mia Perevska), Временска подморница (Lufthanza), „Боље човек“ (KØMMA), Зајди, зајди јасно сонце (Александар Сариевски), „Македонско девојче“ (од Јонче Христовски за Виолета Томовска), „Чија си“ (Славе Димитров)…
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.