Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Откако ја блокираа изградбата на новиот Клинички центар, ВМРО-ДПМНЕ сега ќе граделе нов

Фрагмент од визуелизацијата на новиот Клинички центар чија реализација ја блокираше ВМРО-ДПМНЕ
Фрагмент од визуелизацијата на новиот Клинички центар чија реализација ја блокираше ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што седум години ја блокираше изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, откако претходно десет години лажеше дека „само што не изградиле“ нов Клинички центар во склоп на комплексот клиники.

За иронијата да биде поголема, пред избори, опозициската партија ветува дека ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје.

Граѓаните се сеќаваат дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче се обидуваше да обезбеди консензус и разговараше со сите политички партии за изградба на клиничкиот центар, но блокадата, како по навика, доаѓаше од ВМРО-ДПМНЕ.

„Верувам дека опозицијата ќе собере и сила и храброст да се придружи кон овој процес, дека можеме на многу конструктивен начин да разговараме. Верувам дека и покрај сите обиди за политизација или за фрлање сомнеж, па и обиди за лична дискредитација преку сомнежи за корупција криминал итн. дека сепак ќе се надминат тие разлики и ќе покажаме сите дека имаме капацитет и волја да се реши ова повеќедецениско прашање во интерес на тоа граѓаните да имаат квалитетна здравствена заштита“, рече Филипче во 2021 година.

Сепак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш застана против проектот, за кој физибилити студијата беше изработена на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава и истата е одобрена од Националната Агенција на Австрија.

Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје на greenfield локација гарантираше високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.

Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за здравство склучи Меморандум за соработка од 18.01.2019 година со Австриското министерство за транспорт, иновации и технологија, со цел модернизација на капацитетите во здравствениот сектор како и континуирано, квалитативно подобрување на објектите кои обезбедуваат здравствени услуги.

Концептот во согласност со Физибилити студијата за релокација на Универзитетските клиники на нова greenfield локација, птредвидуваше реализација на градбата во три последователни фази по системот “клуч на рака“ кој подразбира проектирање, изградба, опремување, трансфер планови и нивна реализација, обука на персонал и одржување на објектот и опремата за определен период за секоја фаза последователно.

Согласно целокупната припрема на постапката се започна со спроведување на тендерската постапка како компетитивен дијалог, конкурентен дијалог којшто во првата фаза аплицираа 4 компании и во втората фаза се квалификуваа 2 компании. Во дијалогот со двете компании беше увидено дека тие имаат експертиза во изградбата на Клиничкиот центар беше планирано да бидат вклучени најреномирани европски компании, германската „Вамед” и француската „Буиг констракшн”.

Зачлени се на нашиот е-билтен