Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: На 24-ти да излеземе и да ја покажеме јасната волја на македонскиот народ, да го заокружиме бројот 1, да продолжиме да одиме напред

„Наместо извинување тие сега предлагаат амнестија. Дали ви се верува? Луѓе кои влегле да тепаат други пратеници, треба да бидат амнестирани и да бидат наречени уставобранители. Како да не се сменило ништо 10-15 години наназад. И тие луѓе претендираат за највисоките функции во државата. Јас мислам дека разликата меѓу нас и нив е огромна, како црно и бело и небо и земја. И дека вие многу добро ќе знаете на 24-ти кој број треба да го заокружите. Тоа е бројот 1 кој заедно со сите вас, гарантира дека Македонија ќе продолжи по овој пат, нема да се враќа назад“, рече Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Делчево.

Тој за првиот изборен круг истакна дека станува збор за многу важен изборен круг. И повика на масовна мобилизација, за бројот 1, тогаш од резултатите од првиот круг многу лесно ќе може да се процени кој ќе ги добие двата избора.

„Затоа сите вие овде и оние кои се мислат, имате пред себе прилично јасен избор, или Македонија ќе оди назад каде што бевме, а сите на своја кожа ја оставме таа диктатура на режимот, или ќе одиме напред каде што почнавме да одиме, со сигурни чекори во вистинската насока. На 24ти да излеземе и да ја покажеме јасната волја на македонскиот народ, дека немаме намера да го повторуваме тоа прилично тмурно и негативно историско искуство од режимот кој 11 години ја блокираше државата и го малтретираше сопствениот народ“, порача Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново