Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето од времето на апсења на новинари и затворање на телевизии

„25.000 граѓани на Република Македонија, беа прислушкувани, дали беа безбедносна закана – не. Само за да разберат што прави нивниот политички противник. Луѓе во затвор, новинари во затвор, и завчера имавме повторно еден таков случај, кој не потсети на мрачното минато, на новинар кој заедно со камерман следел фудбалски натпревар со висок ризик, беше апсен со специјална полиција. Претходно телевизии беа затворани со полиција“, истакна Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Делчево, за начинот на делување на опозицискта партија во минатото и денес со што се потврдува фактот дека ништо не е сменето.

Пендаровски се осврна и на 27 април 2016 година и упадот во Собранието. Кога ВМРО-ДПМНЕ не сакајќи да ја даде власта на оние кои ја добија довербата од граѓаните, организираше бунт и напад на пратениците.

„Наместо извинување тие сега предлагаат амнестија. Дали ви се верува? Луѓе кои влегле да тепаат други пратеници, треба да бидат амнестирани и да бидат наречени уставобранители. Како да не се сменило ништо 10-15 години наназад. И тие луѓе претендираат за највисоките функции во државата. Јас мислам дека разликата меѓу нас и нив е огромна, како црно и бело и небо и земја. И дека вие многу добро ќе знаете на 24ти кој број треба да го заокружите. Тоа е бројот 1 кој заедно со сите вас, гарантира дека Македонија ќе продолжи по овој пат, нема да се враќа назад“, рече Пендаровски.

Тој за првиот изборен круг истакна дека станува збор за многу важен изборен круг. И повика на масовна мобилизација, за бројот 1, тогаш од резултатите од првиот круг многу лесно ќе може да се процени кој ќе ги добие двата избора.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново