Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Османи ги повика косовските институции итно да го стопираат родовото насилство

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, повика на посветеност на институциите во запирањето на родовото насилство.

Таа повика на „итно и по секоја цена“ стопирање на ужасните појави на убиства на жени во Косово, на панелот „Мислејќи за тебе“, во рамките на Форумот за жени, мир и безбедност.

– За жал, сите утрово се разбудивме со страшната вест за убиството на една жена од страна на нејзиниот сопруг. Оваа страшна појава што му штети на нашето општество и нашата земја, овој фемицид од извонредни размери мора да престане по секоја цена. Единствен начин да се запре е ако сите повторно се разбудиме како општество, како држава и како нација, посочи Османи.

Додека претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, порача дека мора да се консолидираат безбедносните и судските механизми за да се спречи фемицидот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен