„ВМРО-ДПМНЕ на странци им ветува дека ќе направи измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул“, потенцираше вечерва во Гостивар претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Тој ги коментираше и изјавите на германскиот пратеник Бајер кој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е за уставни измени.
,,Доаѓа тука во Македонија нивниот пријател од Германија од нивната сестринска партија и вели, по разговорите со раководството на таа партија, ВМРО-ДПМНЕ добив недвосмислен впечаток дека тие се за уставни промени. Значи Германецов еден состанок направил со своиве другари и тие му признале тоа што не го признаваат со години пред македонскиот народ и пред македонските граѓани”, рече Пендаровски.
Пендаровски се осврна и на програмата на Силјановска Давкова каде стои дека НАТО е гаранција за безбедноста на Македонија, а дека истата таа се противела на Договорот од Преспа.
,,НАТО без Преспа не бива. Значи лажење без усул”, подвлече Пендаровски.