„Македонските олигарси имаат блиски врски со Русија, со оглед на нивното значајно влијание во политиката и сопственоста на најголемиот дел од мејнстрим медиумите во земјата, руските кампањи за дезианформација имаат несмален и непречен пристап до македонскиот јавен дискурс и имаат способност да го обликуваат јавното мислење, како, според интересите на Кремљ се разбира“, рече Џабир Дерала од Цивил на конференцијата „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“.
Тој додаде дека против земјава исто така се води и сајбер и информациска војна, од моментот на почетокот на граѓанското движење за демократизација, почнувајќи од 2013 година.
„Од 2013 година кога видовме олимписки изборни кругови на локалните избори во Скопје да потсетам, завршувајќи со Шарената револуција на која и претходеа и бомбите од прислушуваните разговори и проектот ‘Вистината за Македонија’“, истакна Дерала.
Тој додаде дека мора да се случи демаскирање на влијанието на Русија во земјава и дека треба подиректно да се отворат картите за тоа како Русија влијае во граѓанскиот сектор во земјата.
„Проруските граѓански организации често се вклучуваат во активности кои ги поткупуваат западно ориентираните политики и ги засилуваат алтернативните гледишта за прашања како што се членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ. Бидејќи овие граѓански оорганизации се често корисници на западните грантови, нивните активности се би рекле индиректни насочени кон критикување на владините политики или прикривање на нивните националистички ставови и ставови со балансирано известување за антируски наративи па се до она што го видовме неодамна и каде што имаше неколку значајни анализи направено во земјава – негирање на рускиот упад во земјата“, нагласи Дерала.