Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технологија и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

„Кластер 3 насловен „Инкузивен раст“ ја засега економијата и со тој кластер ЕУ ни кажува дека бара иманентно врзување на образованието со индустријата односно и тој високото образование, бара истражувачки универзитети, нивно директно поврзување со економијата и економскиот раст“, нагласи професорката Катерина Колозова на конференцијата „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“ организирана од Цивил.

Таа додаде дека и претседателката на Европската комисија кажа дека нејзина геостратешка острица е економија базирана на технолошка, научна и друга иновација, во смисла на напредок за трка со Кина и САД.

„Ако сте економски компетитивни, за тоа што имате технологија со која што никој не може да се трка станувате планетарно компетитивни, е така редефинираната Европа бара ние во Западен Балкан да се редефинираме и фондот што го додели за сите нас во ноември 2020 година преку ИПАРД 3 е токму да се престроиме на ова патека на развој и според овој концепт на развој“, рече Колозова.

Професорката додаде дека во регионот никој тоа се уште не го прави, но било која идна влада треба да ги развива политиките во тој правец.

Зачлени се на нашиот е-билтен